,

Тамара и уште неколку музичари, гости на концертот на групата Морал

Македонската поп дива Тамара ќе биде гостинка на претстојниот концерт на „Морал“ во недела на 28 јануари, со почеток во 21 часот во ноќниот клуб „Станица 26“. Концертната свирка насловена како „Морал со пријателите“ е во организација на „3Гонга“ и е Градска сесија бр. 9. На концертот ќе бидат отсвирени песните од нивниот последен албум „Coffeine Blues“, но и сите нивни досегашни хитови од првите два албуми. На нивниот последен албум се појавуваат повеќе значајни музички имиња – гости, како Слаткар, Тамара, Игор Џамбазов, Венко Серафимов, Димитар Божиков… Покрај Тамара со Морал ќе настапат и уште неколку препознатливи музички имиња, како пријатно изненадување за публиката. Концертот во „Станица 26“ е замислен како типичен рок концерт со многу енергија и добра свирка.