,

Тамара ја прекина соработката со менаџерот

Поп пејачката одлучи да не соработува со својот досегашен менаџер од Горила продукција, Васко Павлевски. Одлуката ја сподели јавно на нејзиниот профил на Фејсбук. „Почитувани соработници на мене и „мојата прудукција“. Морам да ви соопштам дека повеќе не работам со дотичниот Васко Павлевски после долга борба и надеж дека нешто ќе се промени. Тоа излезе невозможна мисија. Повторно тие од кои што живее, ги остава на цедило за да може прво сопствените проблеми да си ги реши. Од сега ќе ве замолам сите за било што да ме барате лично мене, додека не се најде некој чесен и нормален човек со кој би можела да функционирам во иднина. П.С. Вие малкумина со кои се уште работи, отворете 16 очи, се работи за човек без трошка совест“- напиша Тамара на Фејсбук. https://www.facebook.com/tamara.branavelkova/posts/1676217645732280