Танц со многу љубов

Танчарите со Даунов синдром од танцовото студио Dancers United MK го освоија 3. место на Светското првенство во модерни танци кое што се одржа во Копенхаген. Танчарите Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Оливер Блажевски водени од Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска како нивни ментори и тренери се екипата кои ја донесоа бронзата на Македонија.