Тања Кармзова Костиглиола: Зимско ропство

Заробена сум во стаклена топка. Прстот - прашина на површината е само еден елемент за осуда на моето постоење. Кога ми го превртувате логорот наопаку, погледот кон светот ми е во вистинската насока. И додека паѓаат вештачките снегулки на точно одреденото место, ми се креваат сите јадови и секое влакно од косата. Го чекам летото под божемно, стаклено ѕвоно. Оти тогаш, кога ќе го вртите мојот глобус, ќе ги протегам рацете кон небото за да го вратам секое сонце на својата локација по поројниот ѕвездопад. За сега, бадијала врти и светот, и времето. За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола