Тања Кармзова Костиглиола: „Над моите гради виси пентаграм“

Грешевме за време на пости. Се каевме на празници. Никогаш, никому за ништо не побаравме прошка. Ниту пак си простивме самите на себеси оти некогаш бевме грешници или зашто денес не сме повеќе. Ти стои крстот околу вратот. Над моите гради виси пентаграм. Меѓу нас - провалија, а во неа нагони, желби и троа волја. Спомените се пранги закачени на нашите глуждови. Не знаеме да летаме, ни со крила, ни на метла. Ќе стоиме, еден наспроти друг, разделени од бездната, фиксирани со тешките стеги на минатото. Другите ќе кружат околу нас, додека да ни мине веков. За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола