Тања Кармзова Костиглиола: Обесправено сонување

Оддамна престанав да си ги бројам раните и твоите капки корозивна пот што паѓаат врз нив. Оддамна веќе не си ја мерам тишината, ни зуењето на твоите сеќавања во глуво - добата на туѓите несоници. Оддамна не ги растворам емоциите за да ти ги титрирам во филџанот како концентрат од исштиркани ветувања. Неодамна, неминовно ми ги пресекоа крилата и неодложно ми прикачија опаш. Приказните за прекумерно пиење кафе добија олицетворение, само затоа што свесно си го ускратувам правото да сонувам. За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола