Тања Кармзова Костиглиола: Што ако за љубов не сум створена?

Можеби, всушност, цел живот се лажам себеси дека љубам, дека со години врие супата од хормони, дека не глумам кршење на меки ткива, дека не симулирам нирвани и оргазми, дека колкоти лончето во глава за некој зачини да му стави на животот што безмалку и блуткава каша се стори? Можеби од автосугестија ми се стврднуваат брадавиците, ми танцуваат колковите и ми се крева мовта долж 'рбетниот столб, можеби од навика ми бегаат крици од гркланот и од пасивен умор ги затворам очите дур отворам порти за слободна интерпретација? Мммм, можеби, недоволна е количината вино за стимул на феромони кои наместо на Трифун - - на Валентин ќе му ја опијанат расудноста? Што ако не сум створена за љубов? Вистината ќе ја барам на дното на бурето. За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола