,

Театарски маратон на двете сцени на Театар „Џинот“ Велес

Во сабота, на 28 октомври, на двете сцени на Театар „Џинот“ Велес театарски маратон со три хит претстави од репертоарот на театарот. Маратонот ќе започне во 20 часот со изведба на претставата „Театар љубов моја“ од бугарскиот автор Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски во која настапуваат актерките Кица Ивковска, Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова. Во 22.30 часот пак, ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ од британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски. „Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи. Во 01 часот по полноќ ќе биде изведена претставата „Шумата на моето дрво“ по текст на Сашо Димоски, во режија на Александар Ивановски, во која настапуваат актерот Васил Зафирчев и музичарот Сашко Костов. Претставата е ноќна одисеја низ стомакот на една шума која умира, на еден човек што се обидува да најде смисла во својот живот и во својот статус како туѓинец. Билетите за претстојниот театарски маратон се пуштени во продажба на билетарницата на театарот.