ТЕКСТ ВО КОЈ ЌЕ СЕ ПРОНАЈДЕТЕ: Можевме да бидеме нешто сјајно, но никогаш нема да знаеме како би изгледало тоа …

Понекогаш мислам како сум била премногу комплицирана за твојот живот. Имав многу идеи кои ти не можеше да ги видиш. Но не беше важно. Верував во нас доволно за двајцата. Имавме свои правила и поинаква љубов. 

Го видов тоа како наш почеток, а ти тоа го виде како свој крај.

 Ти беше тешко како дел од тебе да умрел ако ми се предадеше во дланка, ако ме пуштеше да бидам твоја. Но ми беше најдобар пријател. Така јас тоа го видов. Уживавме заедно, стававме предизвици еден покрај друг, исполнувајќи се еден друг со страст и смеа, музика и моменти. Но никогаш не сакам да те земам тебе од тебе. Се надевам дека тоа го сфаќаш. Тоа би било совршено. 

Не сме ни ти ни јас. Само мислев како би можеле да бидеме нешто сјајно во свет кој е просечен. Верував во нас дури и во најлоши моменти. Бевме толку различни од сите кои денес се во брак. Бевме поинакви по начинот на кој се сакавме и како точно знаевме што не сакаме. И ти тоа го знаеше, се сеќаваш? Секогаш тврдев дека љубовта не мора да има смисла. За мене тоа беше најдобар дел во врска со нас. Можеби луѓе како нас не припаѓаат заедно. Но ние сме. Тоа ми беше единствено важно.

 Сакав се кај тебе, дури и тоа што беше несигурен околу некои работи. Бевме рамнотежа еден на друг. Бевме додаток еден на друг. А повторно нешто во врска со тебе не можев да разберам, како да ти беше притисок да бидеш среќен со мене. Секогаш бев тврдоглава, се сеќаваш? Го признавам тоа. Но сега се променив и стојам овде целосно твоја, чекајќи те да го промениш мислењето. Што сакаш ти. Понекогаш мислам дека водиш битки сам со себе, како да не знаеш што сакаш всушност. Ме сакаш мене.. Но сепак не ме сакаш. 

 Не замислувам нас до крајот на животот. Како ќе завршиш со некој кој е поедноставен од мене, како таа нема ништо да комплицира. Таа ќе биде безгрижна и кул, а не сериозна и вечно загрижена како јас. Нема да биде важно дали љубовта има смисла. Зошто би било? Нека биде лесен животот. 

Најдобар дел е што ти се ќе контролираш како што сакаш.   Кај мене не го сакаше токму тоа што јас сакав да контролирам некои работи. Се обидувам да видам подалеку од ова, но не можам.

 Секогаш беше чуден кога е во прашање иднината. Затоа ништо не можам да видам-но можеби тоа е убавината на вас двајцата, ти и таа без план. Тоа ќе биде освежувачко. Таа нема да те збунува. Нема да те плаши. Нема да ти ги поставува тие животни прашања на кои не знаеш одговор. Се сеќаваш како бев добра јас во тоа? Мислам дека уште не гледам само нас. Тебе и мене. Гледам како сме поинакви и живееме по свои правила. Не сакав да бидам толку комплицирана. Не сакав да те земам тебе од тебе. Само мислев дека можеме да бидеме нешто сјајно. Додека веќе не можевме.