Ти благодарам што ме направи силна жена

Ти благодарам. 

Ти благодарам што ме научи да го разликувам исправното од погрешното. 

Ти благодарам што ми покажа како е кога си отфрлен. 

Ти благодарам што ме научи какво е скрешеното срце. 

Ти благодарам што ми викаше. Ти благодарам на сите грди зборови. 

Ти благодарам што ме присили да станам силна. Ти благодарам што ми покажа што не заслужувам. 

Ти благодарам на сите ноќи кога плачев поради тебе. Ти благодарам на сите грешки на кои учев додека те сакав. На лекциите кои ги научив. 

Ти благодарам што ми покажа дека прошката не е секогаш решение. 

Ти благодарам што ме исмејуваше затоа што те сакав. Ти благодарам што не ме почитуваше. Што никогаш не го ценеше тоа што го правев за тебе. 

Ти благодарам што ме научи кога да ја прекинам врската. Благодарение на тебе знам како е да си изневерен. Ти благодарам што ми покажа што не сакам. Што беше себичен. Што не ти беше грижа. Што ме остави. Што ми дозволи да почнам од почеток.  

Ти благодарам што не сум веќе дел од оваа приказна. За сите ужасни работи кои ми ги кажа. За сите мигови кога бев понижена и искористена. 

Ти благодарам што правеше да се чувствувам како да сум на дното. Ти благодарам на секоја болка и уништување. 

Ти благодарам што од мене направи жена каква сум денес. Благодарение на тебе сум силна. Благодарение на тебе сум мудра. И благодарение на тебе, никогаш повеќе нема да ме освоиш ни ти, ни таквите како тебе.