Тоше ме викаше тетка Биберче

ИНТЕРВЈУ СО МЕНАЏЕРКАТА ЉИЉАНА ПЕТРОВИЌ ПО ПОВОД ДЕСЕТ ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПОП-ЅВЕЗДАТА На гробот на Тоше одам секогаш кога ќе дојдам во Македонија. Тоа може да е секој друг ден, само не е тој 16 октомври. Го посетив и музејот, тоа е еден убав спомен на Тоше. Тој нема да биде заборавен, тоа е дефинитивно [caption id="attachment_1921" align="aligncenter" width="340"] Тоа беше една убава соработка. Пристоен однос, близок и полн со доверба од обете страни. - Љиља со Тоше[/caption] Поминаа точно десет години, откако си замина нашата најголемата поп-ѕвезда, миленикот на народот и амбасадор на УНИЦЕФ, Тоше Проески. Тоше го загуби животот на 16 октомври во 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска, кај местото Нова Градишка, патувајќи на снимање накај Загреб. Останаа многу недовршени музички проекти и песни кои ги сочувал во неговиот компјутер. Една од нив е и англиската „Light the Flame“, која Меѓународната Фондација Тодор Проески и семејството Проески ја промовираа на 5 октомври, на денот кога Тоше во 2007 година го одржа својот последен голем солистички концерт, трет пат полнејќи го скопскиот Градски стадион. Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, која беше во автомобилот со Тоше за време на несреќата, една година по неговата смрт се повлече од сите концерти кои беа организирани во негова чест, како и довршувањето на албумите и на песните кои беа постхумно издадени. За „Женски магазин“ Љиљана сподели дел од спомените на Тоше, и ексклузивно за Женски Магазин откри дека и се враќа на менаџерската работа со нов пејач. Женски магазин: Што е она што најмногу ти недостасува од Тоше и на што најчесто се сеќаваш? Љиљана:Работевме од 2002 година до крајот. Беа тоа безброј турнеи по Балканот, Европа, Америка, Канада, Австралија. Соработката ја започнавме по излегувањето на албумот „Синот Божји“. Тоа беше вториот албум на Тоше. Ги работевме заедно „Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“ кој е производ на целиот тој метеж околу Евровизија тогаш, „По тебе“, „Божилак“, „Игри без граници“. Сите се пласирани на целиот Балкан. Снимени се македонски и на српско-хрватски јазик. Го сработивме и англискиот албум „The hardest thing“. Многу проекти. Во текот на петте години колку што патувавме и работевме заедно, останаа многу спомени. Секое патување носеше некоја своја анегдота. Најмногу ми остана во сеќавање прекарот тетка Биберче, како што Тоше ме нарекуваше. Тој прекар и денес знае да ми измами насмевка. Ми недостига и неговата насмевка, се разбира. Женски магазин: Кои проекти останаа недовршени? Љиљана: Тогаш албумот „The hardest thing“. Песните беа испеани, но не беа продуцирани до крај. Не делеа денови до излегувањето. Потоа препев на многу хитови на англиски јазик. Останаа многу демо снимки на компјутерот на Тоше, но тие се сега во сопственост на неговиот зет, Славен Ристовски. Женски магазин: Како ви поминуваше секој 16 октомври по неговата смрт? Дали си го враќате филмот од трагичната несреќа и има ли нешто поради коешто се каете? Љиљана: Не сум се покајала за ништо. Тоа беше една убава соработка. Пристоен однос, близок и полн со доверба од обете страни. Се присетувам се разбира на се што се случи, ми буди разни спомени, чувствата ми се измешани. [caption id="attachment_1922" align="aligncenter" width="600"] Се занимавам со одгледување и производство на лаванда. Ја извезувам на пазарот. За сега ми оди многу убаво. - Љиљана Петровиќ[/caption] Женски магазин: Дали и денес, кога ќе посакате да го слушнете неговит глас си ги пуштате песните од Тоше и која ви е најдрага? Љиљана: Секоја песна имаше своја порака. Ги избиравме заедно. Мораше да ни се допадне исклучиво на нас за да биде снимена. Секоја на некој свој начин ми е драга. Сепак, тој албум „По тебе“ како и „Игри без граници“ влечат многу сериозност. Женски магазин: Во периодот пред несреќата, дали Тоше ви кажа нешто што ви остави впечаток? Љиљана: Веќе зборував за тоа и денес јасно паметам. Кога се разбуди, Тоше ме праша како сум спиела и дали нешто сум сонувала. Женски магазин: Дали сте во контакт со некого од неговото семејство? Љиљана: Во контакт сум со неговото семејство. Ние сме во коректни односи. [caption id="attachment_1920" align="aligncenter" width="460"] Се повлеков затоа што сакав неговото семејство да ги преземе работите и да го прават она што мислат дека е потребно. - Љиљана и Тоше беа тим од 2002 до 2007 година[/caption] Женски магазин: Одите ли в Крушево на гробот на Тоше и дали сте ја посетиле Спомен куќата на Гумење? Љиљана: На гробот на Тоше одам секогаш кога ќе дојдам во Македонија. Тоа може да е секој друг ден, само не е тој 16 октомври. Го посетив и музејот, тоа е еден убав спомен на Тоше. Тој нема да биде заборавен, тоа е дефинитивно. Женски магазин: Зошто веќе не сте дел од проектите врзани за музиката на Тоше по неговата смрт, и зошто се повлековте од музичкото менаџерство воопшто? Љиљана:- Се повлеков затоа што сакав неговото семејство да ги преземе работите и да го прават она што мислат дека е потребно. По концертот во 2008 година на Градскиот стадион во Скопје каде што гостуваа бројни ѕвезди, јас одлучив да се повлечам од тие проекти. Сега се поврзав со еден млад пејач. Не соработуваме во толкава мера како со Тоше, но сме во коректни деловни односи. Функционираме со пласирање на неговата музика во медиумите и го поврзувам со мои соработници. И тој е исто така, амбасадор на УНИЦЕФ. Многу е популарен, но ќе биде уште повеќе. Наскоро ќе ви откријам повеќе информации. Женски магазин: Дали сте и понатаму во Ниш и дали сè уште се занимавате со одгледување на лаванда? Љиљана: Живеам на релација Ниш -Смедеревска Паланка. Тука се осамив, го пронајдов својот мир. Се занимавам со одгледување и производство на лаванда. Ја извезувам на пазарот. За сега ми оди многу убаво. За Женски Магазин, Милица Џаровска