ТРАМП СЛАБ НА ДЕДОТО И БАБАТА: Еве што им подари на родителите на Меланија

Родителите на првата дама на САД, Меланија Трамп законски станаа постојани државјани на САД. Адвокатот на родителите на Меланија, Мајкл Вајлдс потврди дека мајката Амалија и таткото Виктор Навс, добиле зелена карта која им овозможува постојан престој и можност за вработување во таа земја. Како што јавија американските медиуми, адвокатот на родителите на Меланија, потврдил дека тие неодамна добиле зелен картон. Можам да потврдам дека се сопственици на зелени картички и законски постојани жители на САД, рекол тој. Сепак моите клиенти бараат да се почитуваат нивните лични права, додал и дека веќе не сака да зборува на оваа тема. Сепак, ова прашање покрена бурни расправи во медиумите, посебно поради фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп е ригорозен за имигрантската политика.