Треба да се биде свој

Треба да се биде свој и да се работи на себе за да човек биде што подобар, и тоа не е спорно. Но, кога еднаш ќе ги притиснете копчињата тие ќе се скинат, ќе се откопча корсетот, ќе се симне шминката, со напор ќе ги собуете чевлите со високи потпетици. Во љубовта сме голи и незаштитени. Во сите „блиски односи“ е така. Затоа не треба да се трудиме премногу, за да му се допаднеме на некого. Ако се бара љубов, разбирање и пријателство нема потреба од фотошоп и фотографии на кои не се препознаваме. Не треба да се трудите да импресионирате некого, затоа што цел живот ќе се вртите да видите каде паѓа светлината, ќе се следи интонацијата на тонот... Се плашиме ли некого да не разочараме? Од тоа се плашела госпоѓата на  Чехов и цели 20 години станувала пред него, за да го измие лицето со ледена вода, за да изгледа свежо и младо. Ова се однесува на секоја врска. Напори се потребни, но не преголеми. „Јас можам да слабеам и да се занимавам со мускули,  но ќе го измамам човекот кој со мене ќе се ожени, затоа што ќе родам и ќе се здебелам“- рекла една дебела шминкерка. Но, се омажила за познат актер, родила дете и ја довела фигурата во форма.