, ,

Трендови за нокти Есен / Зима 2017

Како да ги негувате вашите нокти оваа зима? Емина Растодер Сулејмани - сертифициран козметичар, сопственичка на студиото за убавина Glamorous Art Оваа година, светските модни писти не заборавија да обрнат внимание и на трендот на нокти за оваа сезона. Секоја година, вкусовите и боите се менуваат, должината и формата на ноктот е секогаш различна, додека некои сепак остануваат верни безвременскиот тренд на уредно средени нокти, лакирани во еднобојни бои. Според светскиот магазин ELLE, трендовите се најразлични, од готски, богати текстури, мат. Денес зборуваме со Емина Растодер Сулејмани, сертифициран козметичар, сопственичка на студиото за убавина Glamorous Art чие образование и надоградување во областа на козметиката покрај Македонија, го има завршено и во Шведска. Со голема љубов према својата професија, оваа драга дама со задоволство ни одговори на сите наши прашања во врска со модните трендови за оваа сезона, како и за потребната грижа за нега на нокти. Женски Магазин: Ноктите се огледало на една жена, и често се вели дека жена е спремна да го даде и последниот денар за да се чувствува и изгледа убаво. Колку Вие се согласувате со тоа? Емина Растодер Сулејмани-Секоја жена сака да изгледа убаво, и нормално е да посветува доста време на себе, без разлика за која старосна граница станува збор. Лично, сметам дека доколку една жена сака да изгледа убаво и исполнета на ова поле, е спремна да го даде и последниот денар за разубавување. Женски Магазин: Палетата на бои е широка, вкусовите различни, додека трендовите се менуваат со брзина на светлината, што ни препорачува Емина за оваа есен? Емина Растодер Сулејмани: Оваа есен сепак ќе доминираат потемните бои. Ќе ги издвојам црвената и вино бојата односно бордо нијансата, кои немаат одредена сезона каде што се присутни или тренд, тие се константни и секогаш присутни во модерната палета на бои. Ќе ја споменам црната боја, која е сѐ уште барана, дали со апликација на еден нокт, или рачно цртање. Потоа како трендови кои никогаш не изумираат“, а се дел и од оваа сезона како тренд, тоа се кафената, темно сината, темно виолетовата, како и други нијанси. Што се однесува до должината на еден нокт и неговиот облик, сепак зависи од желбата, вкусот и стилот на клиентката. Женски Магазин: Бојата може да ги скрие недостатоците на ноктите, но дали може да го скрие ненавремено негување Емина Растодер Сулејмани: Велат дека она што често го негуваш, тоа долго и ќе трае. Така е и со негата на раце, поточно ноктите кај една дама. Подобро негувани нокти без лак, отколку излакирани, а минимално посветена грижа. Женски Магазин: Покрај редовниот маникир, што друго ни препорачувате за нега на нашите раце во пресрет на зимските денови ? Емина Растодер Сулејмани: Редовниот маникир е задолжителен во текот на целата година, а посебно и во зимскиот период. Покрај основното турпирање, отстранување на кутикули и обликување на ноктот, топло го препорачувам и парафинот, како за раце така и за нозете. Парафинската ракавица, е доста погодна за зимските денови, кога ниските температури доста влијаат на нашата кожа. Со употреба на парафинот, кожата на рацете или нозете е видливо освежена, циркулацијата подобрена, и го враќа виталниот изглед на кожата, каде со неговото нанесување ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја регенерира. Женски Магазин Производителите  на лакови ги има во недоглед, но сепак најприсутни и најбарани кај нас се OPI & CUCCIO. Што најмногу ви се допаѓа кај овие два бренда? Емина Растодер Сулејмани: Јас работам и со двата производа, и доста се слични, а сепак имаат своја препознатлива карактеристика. Ми се допаѓа  OPIбидејќи имаат мека текстура што се приспособува природно на ноктот, додека Cuccio ми се допаѓа поради беспрекорниот и долготрајниот сјај, како и неговата истрајност. Женски Магазин: Шведска е позната по квалитетната козметика, а дел од вашето образование го имате надградено токму таму. Кажете ни ги вашите впечатоци во однос на козметичката индустрија во Шведска? Емина Растодер Сулејмани:  Козметичката индустрија во Шведска е доста развиена. Поголемиот дел од жените, сепак преферираат да го негуваат природниот изглед, со тоа што користат добри козметички препарати, каде воедно и не штедат кога станува збор за инвестиција во добар крем за раце, лице. Ова, се подразбира и во одбирањето на маникирот. Женски Магазин Кои се најчестите барања кај нас во однос на трендовите на нокти? Емина Растодер Сулејмани: Кај нас има секакви барања. Конкретно, ќе кажам за во мојот салон Glamorous Art, со оглед на тоа дека поголемиот дел на клиентките се со одредена работна позиција, години и стилови, каде сето тоа е во склад со побарувачката на по природен изглед на нокти, смирени тонови и класичниот маникир. Женски Магазин Колку посетата на разноразни саеми за убавина низ Европа и кај нас, Ви помогна во надоградувањето на професионално ниво? Емина Растодер Сулејмани: Секое присуство на семинари и саеми доста се потребни и се од особена важност во мојата професија. Се трудам да го следам темпото на секој нов тренд на пазарот, новите маникири со цел да ги пренесам во моето студио. Женски Магазин: Негувањето на своето тело, како и времето одвоено за себе, некогаш знае да чини и доста пари. Покрај салоните за убавина, домашната нега е секогаш добредојдена. Дали според Вас, нашите дами повеќе преферираат салон за убавина или домашна нега? Емина Растодер Сулејмани: Мислењата се поделени, но сепак може да се каже дека е нерешена борбата дали да се вложи во салон, или сепак да се препуштат на домашната козметика. Верувам, дека секоја жена по дома си подготвува домашни третмани за нега на лице, нозе, раце итн.…   Женски Магазин: Што би им препорачале на нашите драги читателки? Емина Растодер Сулејмани: Секоја убава жена е негувана жена. За Женски Магазин, Нина Беадер Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeader.wixsite.com/styleinmotion