Три интересни и поинакви идеи: Како да го прославите Денот на вљубените

Ако сакате да ги избегнете гужвите во рестораните или во киносалите за да не си го расипете своето романтично расположение, туркајќи се и чекајки во редици, Денот на вљубените поминете го на свој начин.

Како прв пат 

Сетете се како изгледал вашиот прв состанок. Веројатно се сеќавате на оние чудни емоции со саканата личност и затоа повторете го својот прв „дејт“ до детали. Одете во истиот кафе бар, а вашиот дечко нека ви подари цвеќе за „првпат“. 

Симбол на љубовта 

Дали сакате романтика и сакате нешто да направите на овој ден кој симболично ќе ве обедини со својата сакана/сакан? Купете батериска ламба во облик на срце, а потоа закачете ја на посебно место. Уште една одлична опција е заедничка фотофрафија. Благодарение на тоа, сеќавањето на овој ден ќе остане како вечен спомен. 

Секси игри 

Сексот е уште еден начин успешно да го прославите Денот на вљубените. За да го паметите овој датум направете нешто неочекувано. Можете да преземете соодветна апликација на вашиот паметен телефон. Можете да ги најдете на Google Play и на AppStore. Можете со својот партнер да правите интересни секси задачи, а покрај тоа и да организирате играње на улоги, но прво испитајте го својот партнер и внимателно откријте ги сите негови фантазии.