,

Три и пол тони мраз ќе го скршат МОБ

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РУСКИОТ БАЛЕТ „ОРЕВОКРШАЧКА“ ВО СКОПЈЕ Осумдесет члена екипа од Русија и од Германија доаѓа во Скопје на 4 декември, поради гостувањето на балетот на мраз „Оревокрашачка во Македонската опера и балет, која ќе ја игра Државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија. За потребите на овој балетски спектакл, на сцената ќе се постават три и пол тони мраз. [caption id="attachment_851" align="aligncenter" width="640"] Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од кореографот Константин Бојарски како продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет.[/caption] Во Скопје доаѓа техничка екипа од Германија која ќе го инсталира лизгалиштето на сцената. Бината ќе биде со димензии 20×15 метри, на која ќе се постават 3,5 тони мраз. Ќе пречекаме екипа од 80 луѓе, меѓу нив се врвни балетски уметници, танчари на мраз, плус техничката екипа, за поставување на мразот“, изјавија за „Женски Магазин“ од „Прагма продукција“, организаторите на настанот. Минатата година, Државниот балет на мраз гостуваше со изведба на познатото балетско ремек-дело Лебедово Езеро и побуди голем интерес кај македонската публика. Поради тоа, наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири. [caption id="attachment_853" align="aligncenter" width="640"] Бината ќе биде со димензии 20×15 метри, на која ќе се постават 3,5 тони мраз. Ќе пречекаме екипа од 80 луѓе, меѓу нив се врвни балетски уметници, танчари на мраз, плус техничката екипа а поставување на мразот, изјавија од „Прагма продукција“[/caption] „Затоа и годинава ја продолжуваме соработката со рускиот балет, овој пат со изведба на претставата „Оревокршачка“ од Петар Илич. Овој балетски спектакл на мраз Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.“, додаваат од „Прагма“. Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од кореографот Константин Бојарски како продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет. Со настанокот на оваа инситуција, Бојарски споил две руски национални гордости во една: уметничкото лизгање и балетот. Тој бил поранешен солист на светски познатиот балет „Марински“ и школски другар на славниот танчар и кореограф Рудолф Нуреев. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент. [caption id="attachment_2131" align="aligncenter" width="640"] Оваа балетска компанија првпат ги постави класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на театарска сцена.[/caption] Во балетската компанија има повеќе од дваесет танчари што имаат титули во уметничко лизгање. Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи. На нивниот репертоар се познатите балети на Чајковски - „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. [caption id="attachment_2912" align="aligncenter" width="640"] Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи.[/caption] Сите изведби ги поставува кореографот Константин Расадин. Оваа балетска компанија првпат ги постави класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на театарска сцена. Во последните години овие продукции успешно се претставени на сцените на САД, Канада, Европа и Кина. Скопската изведба е поддржана од министерството за култура. За Женски Магазин, Милица Џаровска