,

ТРИ СОСТОЈКИ: Додајте ги во шампонот за прекрасна коса

Во шампонот додадете три состојки за убава и сјајна коса. 1. Активен јаглен во прав Познат по своите својства за чистење, помага да се отстрани контаминацијата на косата. Треба да измешате дел од правот во шампонот пред да го ставите на косата. Потоа измијте ја косата на вообичаениот начин. 2. Алое Вера Алое Верата содржи витамин Е. Тој е многу важен за здравјето на косата, ја прави мека и сјајна. Земете дел алое вера од внатрешноста на растението и нанесете го на вашата коса пред да ставите шампон. Оставете го 10-15 минути и потоа измијте го. Алое Вера ќе делува како природен мелем и ќе ја зајакне вашата коса. 3. Розова вода Можете да направите своја розова вода дома. За ова, оставете неколку лисја од роза потонати во вода за еден час. Потоа нанесете ја оваа вода на вашата коса и оставете ја 15 минути пред да ја отстраните. На овој начин ќе заборавите на непријатните мириси во вашата коса.