Трудниците први ќе ги уживаат ЕУ правилата

Екстра правна заштита добија трудниците во Македонија, но и жените кои неодамна се породиле, откако од 29 декември минатиот месец започна детално да се усогласува македонскиот Правилник за работа со тој на Европската Унија, пишува судство.мк. Со овие законски подобрувања, трудниците, но и жените кои неодамна се породиле, а се во работен однос, од државата добиваат позаштитна положба во однос на евентуалното и нехумано нивно работно ангажирање на работната позиција. Злоупотребата на Правилникот го надгледува Државниот пазарен инспекторат. Од Министерството за труд и социјална политика за Судство.мк. велат дека ќе се применат сите законски сретства за соодветно казнување на работодавачот кој нема да ги почитува правилата. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за Судство.мк вели: – Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 2014/27/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ кои се донесени во февруари 2014 година, но и со низа измени на Директивите од овие две европски институции. Повеќе прочитајте тука.