УБАВИ, ЉУБОВНИ И СРЕЌНИ 46, ДРАГА АНА

Таа има душа кадифена. Мека, топла и нежна, но едновремено цврста и нераскинлива. Освојува со моќта на зборовите. Ве напаѓа директ в срце. Кога ќе ве освои еднаш, останувате вљубеник во нејзините зборови за навек. Совршено посветена во улогата-мајка на прекрасната Аргентина. Заедно пред сонот да ги совлада, нуркаат во светот на книгата. Ги сака емоциите и дозволува да ја освојат во сите форми. Верна и предадена, секогаш го негува пријателството. Нејзините книги ги сакаат сите, а бројот на нејзини следбеници, секојдневно се зголемува. Музиката е нејзината инспирација, секогаш кога перото ќе си го најде местото во нејзината рака. Таа е нашата голема љубов. Таа е нашата голема пријателка, која не бодри во добро и зло. Ни го почнува денот на најпосебен начин. Не маѓепсува со емоциите од нејзините зборови… Па, затоа денес и посакуваме: БИДИ СЕКОГАШ ПОСЕБНА ДРАГА АНА! Среќни 46… нека бидат уште најмалку толку...