УНИЦЕФ: Сексуална злоупотреба и насилство демнат милиони деца во светот

Истражувањето кое е изработено од Обединетите нации открива дека најмалку 15 милиони девојки на возраст од 13 до 19 години се принудувани на секс во текот на секоја година, но многу мал број од нив бараат помош и заштита. Само 1 отсто од адолесцентките кои биле жртви на сексуално насилство, истакнале дека побарале стручна помош. Во 28-те земји со податоци, во просек 90 отсто од адолесцентките кои доживеале секс под принуда, рекле дека сторителот на првиот инцидент им бил претходно познат. Податоците од шест земји откриваат дека пријателите, соучениците и партнерите се меѓу најчесто наведуваните сторители на сексуално насилство врз машките адолесценти. Податоците на Уницеф укажуваат дека највисоката стапка на овој вид сексуално насилство е забележана во Камерун. Останатите држави кои се посочени во извештајот се и Доминиканската Република, каде е развиена секс-туризмот, и Филипините, каде со праксата за сексуално малтретирање преку интернет. Според УНИЦЕФ, распространетото сексуално насилство врз девојките – тинејџери го попречува постигнувањето на целите за одржлив развој на ОН, во кои е предвидено воспоставување на родова еднаквост до 2030 година. Само една од стотина сексуално малтретирани девојки побарале помош откако биле нападнати. За да се ​​стави крај на насилството врз децата, УНИЦЕФ предлага донесување добро координирани национални акциски планови за ставање крај на насилството врз децата – вклучувајќи ги образованието, социјалната заштита, правосудните и здравствените системи, како и заедниците и самите деца. Децата треба да бидат безбедни, дома, во училиште или на било кое место каде се социјализираат https://www.unicef.org/publications/index_101397.html