Утринско кафе со Здравкица Милиќ: Првото кафе ми  е ритуал за убав ден

  Првото утринско кафе ми е навистина потребно и на некој начин ритуал, да може убаво да ми започне денот. Најчесто го пијам сама во друштво на утринските вести. Веднаш потоа стартувам со првата обврска, а тоа е средувањето на Маша и одење во градинка. Најголема мотивација ми е секако моето влозување и посветеност во растењето на Маша. Секој ден  е сѐ поинтересен и повозбудлив со неа. Бидејќи овој период не работам, секојдневно како и секоја жена ги исполнувам домашните обврски, а попладневните часови се резервирани за некоја прошетка. Денот ми е навистина динамичен и максимално исполнет, па веќе во вечерните часови во домашна атмосфера фамилијарно гледаме некоја серија или филм. Како и секоја мајка на мало дете, така и јас, сѐ помалку имам време за читање книги, шсто навистина ми е жал, но затоа компензирам со некој добар филм.