Утринско кафе со Соња Трпчевска Јанковска: Најдобрата мотивација ми е насмевката на Калин

Денот ми почнува во 06:45. Сега кога Калин (мојот син) е на зимски распуст, можам да си дозволам и 10 минути подоцна да станам. Изминативе години некако се имам доволно испраксирано (веројатно тоа е наметнато од секојдневните обврски), па во половина час, истовремено правам неколку работи: комбинација за облека, шминкање, фризура, го подготвувам Калин за во училиште и првото утринско кафе е набрзина, од нога. Некаде околу 08:15- 08:20 сум во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Прво преглед на објавените вести, особено на тие што се поврзани со секторот земјоделство. Проверка на службениот и на приватниот мејл. Распоред на дневните обврските, оние важните задолжително потцртани со маркер • Кус брифинг со колегите од кабинет, преглед на дневната агенда, потоа краток состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски- консултации за тековните работи, дел од нив поврзани со покани за интервјуа во медиуми, одговори на новинарски прашања, планови и организација на прес-конференции, соопштенија, теренски посети и други јавни настапи, средби со земјоделци и агробизнисмени.   Има денови кога работното време толку брзо ми поминува, што ми недостигаат часови за да ги завршам обврските, но не се жалам, бидејќи тоа што го работам ме исполнува. Работам со министер кој е темелен, амбициозен, искрено сака да им помогне на земјоделци и земјоделството да покаже развојни резултати, не се штеди себеси, и истото го бара и од соработниците. А, тоа мене ми одговора, бидејќи го познавам секторот, земјоделците и сите инволвирани, затоа што долго време како новинар работев токму на земјоделската проблематика, па често пати моите сугестии и проценки се добредојдени во носењето на некои одлуки. Прв пат после 15 години сум од „другата страна“ на новинарството – ако претходно јас бев таа што поставува прашања, сега мене ми стигнуваат прашања. Професијата „Односи со јавност“ е нова за мене, нов предизвик, но давам се од себе професионално да одговорам на задачите. Секое ново искуство е страна плус во работната биографија, ново скалило во кариерата што ја градам.   По завршувањето на работниот ден, може едно кафе со другарките, со колегите или на кафе кај сестра ми. Но, претежно брзам дома, каде што ме чекаат други обврски – проверка на училишните задачи со Калин, курс по англиски јазик, и се друго. За среќа, моите родители и сопругот ми помагаат, и веќе се навикнати на моето темпо на работа, и сега, но и кога работев како новинар, па кога немам време, тие се тука да ми зготват ручек или вечера •. Денот го завршувам со релаксација, по избор на син ми: читаме сликовници, играме карти, цртаме, боиме, а ако има време, може и некој добар филм или добра книга пред спиење. - Ме мотивираат многу работи, но едноставни…За мене лично, нема подобра мотивација од утринската насмевка на мојот син Калин, неговиот успех во училиште, моментот кога ќе ми каже дека добил три ѕвездички за читање. Моите две внуки Јана и Леа- кои на моменти ме потсетуваат на мене. Пофалба од претпоставените за успешно сработената работа