Утринско кафе со Тина Таутовиќ:Мирот нема цена

  Кога се будам прво во што гледам е во мојот мачор, кај мене во овие зимски денови важи она не плаќам струја се греам на мачка, хахаха... Плаќаме редовно сметки исто онака како што редовно тешко станувам, кога на сето ова му претходи галење со мојов миленик. Прво одам под туш, не пијам кафе пијам индиски чај и ако ми успее во друштво со мајка ми, но јас сум екстремно забрзана, па немам време толку ритуално и долго да го пијам. Првото кафе во денот ми е со колегите во Хепи Радио, второто со колегите од Мекиците на стража, така да јас имам кусо утро и исклучително долг работен ден. Мене ме мотивира помислата дека ми е екстремно исполнет денот, сакам да сум супер активна, а кога знам дека имам работен ден од 14 часа и дека тоа ми носи радост предизвици, едвај чекам кога доаѓа моментот, а тоа е некаде средината на денот, кога кулминира динамиката на денот!! Сакам кога ги заслужувам работите, некако повеќе ми значат, им се радувам, за мене така денот недела е свет ден, како единствен слободен! Почнувам работно во етер, на Хепи радио на 107, 4, во 12 30 заедничко хепи матине со мене Тина Фина, а веќе во 16 часот сум во друга исклучително поинаква работна атмосфера, Мекиците на Стража. Уживам во оваа работа. Вистински предизвик е да ја откриеш магијата на гастрономијата, желбите на гостите, менаџирањето на целата оваа приказна. Контакти, контакти, динамика, јас во тоа уживам тоа сум јас. Денот ми завршува по полноќ, звучи лудо, но завршува со директен пад во кревет. Звучи стравотно, стани и легни, ама јас љубам да кажам дека во животот, секогаш треба да се искористи секоја шанса и со оглед на тоа што се враќам исполнета со енергија, а за мене сѐ е енергија, знам дека ја правам вистинската работа. Мое мото е ако нешто те прави среќен, терај не се двоуми, џабе цел свет да мисли дека си среќен, а ти несреќен. Сакам и книга и филм. Секогаш во секое време, можеби сега и немам толку време, но не пропуштам да не си подарам вакво уживање. Ме опушта кафе со исклучително блиски луѓе, во тој еден единствен слободен ден што го имам, но задолжително знам некогаш со чаша вино, класична музика да се предадам во моментот на мир во мојот дом, тоа за мене е апсолутна слобода. Мое мото е Мирот нема цена.