Утринско кафе со La Martina Monroe: Ме мотивира музиката

Денот го започнувам со кафе и со план за работа, за тековниот ден. Првото утринско кафе го пијам заедно со моите три кучиња, тие ми се најдраги колешки и најубаво друштво за работа. Обожавам да пијам попарено нескафе. Нема филозофија, топла вода, една лажица нескафе, една шеќер. Покрај кафето, појадувам утрински. Најчесто тоа е некое смути или пак лепчиња со песто, и авокадо во домашна атмосфера. А доколку појадувам надвор од дома, обожавам рибна чорба за појадок. Ме мотивира музиката. Сакам музика да слушам додека работам. Така да најверојатно музиката ме инспирира и мотивира во последна време. Без исклучок на тековните модни случувања кои секојдневно ги пратам. Ме демотивира најчесто некоја лоша вест, знае да ми ја намали креативноста. Но, тоа е доста ретко и кратко. Јас уживам во работата, ме смирува. Денот ми се сведува на работа, а ноќта за дружба со блиските. Јас сум голем љубител сум на филмови. Не дека не давам шанса на добра книга, но книгите знаат да ме заспијат, а филмовите секогаш до крај ги догледувам. Денот претендирам да го завршам со чаша розе вино или мартини, во друштво на сестра ми или другарките. Прво нешто што правам пред спиење, е да ја извадам шминката од лицето, и сите последователни ритуали за хигиена. На крај не легнувам без крем на лицето. Последниве две години тоа се два серуми на Estee Lauder - Advancet Night Repair.