Уште 4 жени ја збогатија листата со градоначалници во Македонија

По вториот круг, бројката од 2 жени градоначалнички се зголемува за уште 4. Македонска Каменица ќе биде водена од Соња Стаменкова. Таа е ќерка на рудар. По професија е дипломиран психолог и психотерапевт. Могила ќе биде водена од Јасмина Гулевска. Старо Нагоричане ќе го води Жаклина Јовановска. Интересно е што во оваа општина нејзин противкандидат беше жена - Елена Јаќимова од ВМРО ДПМНЕ. Досегашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, прогласи победа.