,

Февруарските концерти на Каролина распродадени, ќе има нови а еве и кога

01, 02 и 03 март Каролина Гочева ќе пее на три нови концерти кои се закажани поради големиот интерес на публиката и распродадените четири кои ќе се одржат на крајот на месецов во МОБ. 23, 24, 25 и 26-ти февруари се датумите кога  Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“ Македонската Опера и Балет. Доколку и вие не успеавте да купите карта за првите четири концерти, сега имате шанса тоа да го направите почнувајќи од денес, бидејќи влезниците се пуштени во промет по цена од 800 денари преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн. Луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“ ќе добијат сите купени влезници, по завршувањето на концертите.