,

ФИЗИЧКАТА БОЛКА Е ДИРЕКТНО ПОВРЗАНА СО ЕМОЦИИТЕ: Нозете страдаат поради негативност

Додека некои видови болка се само несреќен резултат на нерамнотежа на физичко ниво, важно е да имате на ум дека другите облици се првично поврзани со вашата емоционална состојба. Конкретно, неодамнешни истражувања покажуваат дека одредени видови психолошки стрес можат да поттикнат или привремен воспалителен процес или долгорочно да се модулираат воспаленија (што доведува до хронична болка), пишува The law ofattraction.
  1. Болка во горниот дел од рамењата
Недостатокот на емоционална поддршка може да се манифестира во болки на горниот дел од грбот. Можеби личноста не се чувствува ценето или почитувано или пак ги крие во себе чувствата на љубов. Ако сте во врска, можеби треба да поразговарате за вашите чувства со својот партнер. Ако сте сингл, тогаш време е да престанете да бидете. 2. Болка во главата Главоболките и мигрените можат да бидат предизвикани од стресот со кој се соочуваме секојдневно. Ако една личност хронично страда од главоболки, би требало да одвои малку време за себе. Не само еднаш, туку секојдневно. Ослободувањето на телото од стресот може да помогне при намалувањето на главоболката. 3. Болка во вратот Спротивно на популарните верувања, болката во вратот не значи дека децата ве полудуваат. Болката во вратот ја означува потребата за простување. Може да биде простување на друга личност или простување на самите себе. Важно е да се размисли за нештата кои ги сакате за себе и нештата кои ги сакате од другите, за да можете успешно да ја победите оваа болка. 4. Болка во рамењата Болката во рамената е знак дека личноста носи тежок емоционален товар. Всушност, тие сѐ носат на себе. Обидете се да најдете начини кои би можеле да го решите овој емоционален проблем или да го споделите со блиските пријатели или семејството. 5. Болка во листовите Емоционалниот стрес, напнатоста, тензијата или љубомората се чести предизвикувачи на болка во листовите на нозете. Можеби е време да се ослободите од работите кои ви предизвикуваат стрес во секојдневниот живот или пак од љубомората. 6.Болка во лактот Болките во рацете и лактите означуваат недостаток на флексибилност. Можеби личноста дава отпор на природните промени кои се случуваат во нејзиниот живот. Обидете се да ги размрдате малку работите и да ѝ дозволите на „животната струја“ да ве води. Борбата со промената носи само проблеми. 7. Болка во долниот дел од грбот Болките во долниот дел од грбот можат да значат дека имате финансиски грижи. Обидете се да се фокусирате повеќе на менаџирањето и организацијата на парите или најмете финансиски планер. Можеби конечно е време да го побарате заслуженото покачување на платата. 8. Болка во стапалата

Депресијата може да доведе до болка во стапалата. Тешка е борбата со депресијата и уште потешко е да се победи, но има неколку нешта со кои можете да го возвратите ударот. Обидете се да најдете ново хоби или да посвоите милениче. Пронајдете нешто кое ве прави среќни и ви причинува радост и задоволство.

9. Болка во рацете Недостатокот на пријатели може да предизвика болка во дланките. Обидете се да го проширите кругот на пријатели, да стекнете нови или излезете на ручек со колегите. Поминувајте повеќе време во средби со нови луѓе. 10.Болка во колената Болката во колената може да значи дека личноста има високо мислење за себе. Поминете некое време волонтирајќи и сетете се дека сите луѓе се смртни. Никој не е совршен. 11. Болка во колковите Стравот од промена, од преселување и од чекањето да се донесе некоја голема одлука може да предизвика болки во колковите. Направете ја промената која ви е потребна и преселете се доколку мислите дека ќе помогне. Направете го правилниот избор и држете се до него до крајот. 12. Болка во глуждовите Болката во глуждовите може да се јави доколку на личноста ѝ треба повеќе задоволство во нејзиниот живот. Време е да си посветите малку време и на себе и да го разбудите љубовниот живот.