,

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикаже на интернационален филмски фестивал во Норвешка

По успешното промовирање на филмот „Исцелител“ кој беше премиерно емитуван на Синемакс 2, канал на HBO, во 14 земји од Централна Европа денеска филмот на режисерот Ѓорче Ставрески премиерно ќе биде прикажан на најголемиот интернационален филмски фестивал во Норвешка – Тромсо. „Исцелител“ ќе биде прикажан во програмата „Хоризонти“ во која се избрани филмови од различни жанрови и стилови од целиот свет. Меѓу нив се кинематографски остварувања од минатата година како добитникот на 42 награди, американскиот, „Call Me by Your Name“, добитникот на сребрена мечка „Bright Nights“ на германскиот режисер Томас Арслан, добитникот на „Un Certain Regard Award“ на канскиот филмски фестивал „A Man of Integrity“ и други.