(ФОТО) АВОН НАЦИОНАЛНА ГАЛА КОНФЕРЕНЦИЈА 2018-ТА!

Кога би сакале да споредиме настан од светски рамки, а сепак под наше поднебје, тогаш со сигурност би ја издвоиле НАЦИОНАЛНАТА ГАЛА КОНФЕРЕНЦИЈА НА АВОН, која што се случи во саботата 03.02.2018-та година во хотелот Мариот. Присуствувавме на АВОН Конференција, каде главниот збор го имаа дамите, а секоја од нив зрачеше со позитивна енергија и самодоверба, исполнетост во својата работа, и речиси во секој агол се чувствуваше нивната гордост што се дел од една ваква професионална приказна. Целокупниот концепт и идеја беа совршени, организација по светски стандарди, а тимот на АВОН не само што беше вистински домаќин и не пречека срдечно, туку се погрижи секој од нас да се забавува и ужива во секој момент од вечерта. Дрес кодот беше да се облече црно и златно, па за момент АВОН не врати во времето на стариот Холивудски гламур. Се зборуваше за најуспешните дами кои се дел од тимот, каде АВОН не заборави и да ги награди најдобрите претставници, соработници и менаџери во својата зона. Се доделија многу патувања, а она што посебно не воодушеви беше и мотивирачкиот говор на Марина Цигарида која е заменик Националниот менаџер за продажба во Македонија, каде ги поттикна сите присутни да веруваат во себе и да не заборават да бидат горди што се жени и дека сепак АВОН е професионална платформа и рамка за развој на кариера, која секогаш е наградена со одлична заработувачка. Водителите Жаре Димитриоски и Нина Деан, одлично го водеа целиот настан, каде не воведоа во целата приказна на АВОН, додека подоцна игравме и пеевме во еден глас заедно со Даниел Кајмакоски. Не можеме, а да не го пофалиме и хотелот Мариот, кој навистина се погрижи целокупниот настан да биде во најдобар ред, а нивниот тим заслужува едно големо БРАВО за нивната посветеност кон својата работа, и беспрекорност.   За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/