,

(ФОТО) Бевме поканети и уживавме во враќањето на корените со MARIGUCCHA

Модните ревии се секогаш голем предизвик за модната индустрија но и за модните блогери, особено за сите оние љубители на нешто што е оригинално, а сепак ги претставува корените на твоето потекло. Да се спои минатото со сегашноста, и да се пресликаат на модното платно е навистина успех. Да се вдахне личен дизајнерски потпис како и доза на Punk стилот, ни посведочија и скроените модели на Нела Тодорвска во својата нова колекција која беше претставена на 14-ти Декември во МКЦ. Во нејзините модели препознав доста македонски фолкорни симболи во комбинација со Punk стилот кои дадоа ефект на модерен аутфит, но и со доза на футуризам, со chic изглед. Едноставни модели, игра на бои и кроеви, елек направен од неопрен, а далечните панталони од шајак, денес се изработени од метал тексас. Како завршна линија се сепак Punk боите  и деталите на самиот Punk, но во едноставна и чиста форма, една душевна компарација на традицијата. Интересно е да се напомене дека во секоја креација и детал на Нела Тодоровска- Mariguccha се крие сепак една лична порака. Нела Тодоровска ја опишуваат како неверојатно своја, амбициозна и непосредна, со тоа што и нејзините модни парчија ја потврдија денес таа филозофија. Со различните места на живеење и студии пред се во Романија, денес Нела сериозно го изјаснува својот свет со одржувањето на нејзината прва самостојна ревија во Македонија. Таа е активен член на платформата  Not Just a Label, која постојано ги промовира младите современи дизајнери, додека нејзиното присуство во модните дефилеа овде и надвор го имаат своето влијание во различните сфери на модата, како и во филмската костимографија. Нела Тодоровска се крие за името Mariguccha, но и во самите парчиња облека кои ги дизајнира, додека светкавите чевли ја вклопуваат дистанцата помеѓу панкот и македонската традиција, а нејзината филозофија за оваа ревија е ,,НОСИ ЈА како НОСИЈА и уживај во  животот, биди космополит и имај стил.   За Женски Магазин, Нина Беадер Ви ги пренесува импресиите од ревијата на Нела Тодоровска- Mariguccha. Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeader.wixsite.com/styleinmotion