,

(ФОТО) Безвремени класици: обувки кои и денес важат за најмодерни

Од облека и накит, до обувки и други модни детали, некои парчиња може длабоко да се вгнездат во модните трендови и тука да останат и по неколку децении. Денес ќе се фокусираме на облека која ја обележа модната индустрија и која и до денес се смета за популарна.

Christian Louboutin – “Pigalle” салонки

Во нив изгледот е загарантиран

 

Chanel двобојни балетанки

Важат за едни од најелегантните чевли, кои секогаш се идеален избор.

Manolo Blahnik – “Hangisi” салонки   Маноло е култно име меѓу дизајнерите на обувки, а овие салонки тоа и го докажуваат. Едноставни и женствени ги има во повеќе бои и се креирани од луксузен сатен.

Valentino – “Rockstud” сандали

Го истакнуваат стилот на секоја „опасна“ девојка и внесуваат урбана нота во секојдневни изгледи.

Hunter – “Wellington” гумени чизми

Првите гумени чизми кои ја добија модерната „етикета“. Од 1856 поминаа голем пат, а денес ни една позната личност не можеме да ја видите без нив во текот на студените и дождливи денови.

Dr. Martens чизми– ‘мартинки’

Познати прво меѓу војниците и сметани за гломазни чизми кои ги носат само оние кои слушаат рок и метал музика, денес ги носат и сите модерни девојки. Идеални за секој годишен период, но и урбан додаток на стил, мартинките сите сакаме да ги носиме.

Adidas – “Superstar” патики Од 1983 година се сметаат за неизбежен модел на патика, прво меѓу хип-хоп уметниците, а потоа и пошироко. Денес сите ги носат, од познати личности до мали деца. Converse – All Star (Chuck Taylor All Star)/ старки All Star патиките или едноставно „старките“ се најпознати платнени патики на светот. Во сите бои, должини и финиши, тие го заземаа местото на сите генерации. Нема кој не им одолеа.