,

(ФОТО) Дали би облекле ваков фустан: Бугарска дизајнерка зачуди многумина со овој модел

Дизајнерката Милена Буналова која се крие зад брендот „ Dukyana“ измислила за зимата посебен „фустан“ кој изгледа како голем волнен чорап. Таа на ова гледа како моден стејтмент за жени кои сакаат да бидат во зима надвор. Студени зими, знег и мраз дури и најотпорните на ниски температури ги принудува да облечат топла облека, а еден од најквалитетните материјали е мохер волната низ која студеното тешко се пробива. Така бугарската дизајнерка Милена Буналова размислувала. Оваа сезона на своите купувачи им понудила помалку чудно парче облека од овој вид волна кој, како вели таа, специјално е наменет за жени кои сакаат да уживаат во долги прошетки.