(ФОТО) ДОКАЗ ДЕКА БАЈКИ ПОСТОЈАТ: Запознајте ја продавачката на цигари која стана кралица

Кралицата на Шпанија Летиција не е родена со сребрена лажичка во рака. Таа, баш како и сите обични луѓе, како млада носела обични фармерки и морала да работи нешта од кои сега и помалку се срами. Во јавноста се појави фотографија од убавата кралица како, кога била млада продава цигари. На фотографијата , младата Летиција е облечена во фармерки со висок струк, бела кошула со името на произведувачот на цигари и прилично незгодни чевли. https://twitter.com/MailOnline/status/489259612185853953?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F78567%2Fdokaz-da-bajke-stvarno-postoje-prica-o-prodavacici-cigareta-koja-je-postala-kraljica-foto Летиција Ортиз Рокасолано е „сосема обична девојка“ која со мажењето станала кралица на Шпанија. Оваа фотографија е направена додека студирала во Мексико. Во текот на студиите, таа работела како дописник на дневни весници од радниот град, а подоцна и за магазинот „ABC“ и новинската агенција EFE. По завршување на студиите едно време како новинар работела во мексичкиот град Гвадалахара. По враќањето во Шпанија, работи како новинар на шпанската верзија на бизнис телевизискиот канал „Блумберг“ а потоа преминува на информативниот телевизиски канал „CNN+". Летиција прв пат се омажила за писателот и професор по книжевност во 1998 година, но бракот не траел долго. На изненадување на јавноста, Шпанскиот кралски дом на 1 ноември 2003 година ја објавил веридбата на Летиција Ортиз со престолонаследникот принцот Фелипе. Се венчаа на 22 мај 2004 година. Кралицата Летиција денес важи за икона на стилот и народот ја сака затоа што ја вратила вербата во династијата и кралствотото. Родила две ќерки, а таа и кралот Филипе важат за еден од најсоодветните кралски двојки во Европа.