,

(ФОТО) Здолниште кое ќе ја обележи оваа пролет

Ако треба да избереме модно парче кое моментално не „напаѓа“ од сите страни – тоа ќе биде карираното здолниште. Моделот до или под колената е здолништето кое одговара на сите жени, а може да се носи во различни комбинации. Карираното здолниште е владател во уличните продавници, а има неколку различни должини и нијанси. Супер работа е тоа што ова здолниште може лесно да се претвори од денска во ноќна облека. Истотака совршено стои во комбинација со високи потпетици или патики. Ова модно парче никогаш нема да ни здосади, класик кој заслужува да има место во нашиот гардеробер.