,

(ФОТО) КАКО ГРЧКА БОЖИЦА: Кејт Мидлтон во гламурозна тоалета на свечена вечера во Осло

Кејт Мидлтон која треба да роди во април, воодушеви со својата гламурозна појава на свечената вечера во кралската палата во Осло каде ги угостија домаќните: кралот Харалд со сопругата, кралицата Силвија, принцот Хаакон и неговата сопруга Мет Марит и принцезите Луси и Астрид.

Убавата бринета која откако стана членка на кралското семејство изгради моден стил и стана пример за многу вљубеници во модата, заблеска во раскошна тоалета од нежна бледорозева нијанса со потпис на омилениот нејзин дизајнер Alexander McQueen со ефект на апликација извезена во облик на цвет. Гламурозниот фустан беше полн погодок за 36-годишната Кејт која овој впечатлив изглед го дополни со елегантна пунџа и дијамантски обетки. За овој одличен изглед, војвотката доби само пофалби, за разлика од претходните за кои доби доста критики од модните следбеници.