,

(ФОТО) Меган Маркл во најотмената комбинација досега: Што и да облече и стои совршено

Освен љубовната врска со британскиот принц, американската актерка Меган Маркл ужива големо внимание на јавноста благодарение на беспрекорните модни комбинации, а се што облече редовно е распродадено во рекорден рок.   Во улога на почесни гости на доделувањето на наградите "Endeavour Fund" во Лондон, Меган и Хари ги врачија наградите на повредени и болни војници, а нивното појавување на овој свечен настан воедно е и нивно прво официјално вечерно излегување. По тој повод Меган одлучила модно да се усогласи со принцот Хари избирајќи класично црно одело со потписот на Александар Меквин-дизајнерското име во чии креации често може да се види Кејт Мидлтон. Костимот го дополнила со бела блуза со панделка од брендот  "Tuxe",  а целокупното издание го заокружила со црни салонки од Џими Чу и чанта од модната куќа Прада. И додека Меган модно доминирала во Лондон, Мидлтон со гламурозните комбинации доминираше на свечени вечери во кралската палата во Осло.