,

(ФОТО) Меланија и понатаму го игнорира Трамп: Првата дама изгледа совршено во оваа комбинација!

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп одлучил да се одмори од напорната недела во Вашингтон па со сопругата Меланија и синот Барон отпатувале на нивниот омилен имот во одмаралиштето Мар-а Лаго во Флорида. Новинарите ги снимија додека изглегувале од авион, а судејќи според виденото , брачниот пар не изгледал премногу близок, со оглед на неодамнешните наслови во јавноста дека Трамп има сексуална афера со порно ѕвездата Сторми Дениелс. Не биле добро расположени Во видеото кое осамна на Твитер, ја гледаме Меланија како со студен израз на лицето оди покрај својот сопруг откако се симнаа од авион. Трамп по скалите чекорел рамо до рамо со својот син, додека Меланија била неколку чекори зад нив. Првата дама воопшто не им придавала внимание на новинарите и фотографите, но затоа претседателот мафтајќи ја поздравил масата иако ни тој не изгледал добро расположен. Меланија воодушеви со изборот на облека Во еден момент дури се свртел кон сопругата, но таа не го ни погледна, туку продолжила да оди. Била облечена лежерно, но елегантно.   Се одлучила за патритска плаво-црвена комбинација. Носела темноплави панталони и таква маичка, а капутот бил црвен, како и чантата, додека штиклите од брендот „Louboutin“ ги обединиле двете бои.