,

(ФОТО) Меланија не престанува да докажува дека е дама со стил, ама ова со косава што го направи …

Најомилената членка на семејството Трамп и неприкосновена икона со стил, Меланија неодамна ги угости американските воени ветерани во Источната соба на Белата куќа по повод прославата на месецот на афро-американската историја. Првата дама на Америка, гостите во претседателската резиденција ги дочека како и по обичај, беспрекорно, облечена во црн комплет од глава до пети. Едноставниот модел со широки ногавици и каиш на половината, совршено и стоеше на згодната Словенка, а деталите во вид на марама која паѓаше низ рамениците на Меланија, и даде модерна нота на оваа класична модна комбинација. https://www.instagram.com/p/BfKY9z0FPPC/?utm_source=ig_embed Изборот на чевли, како и секогаш падна на шпиц салонки со висока пета, а многумина ја искоментираа и нејзината боја на коса. https://www.instagram.com/p/BfKYVurFpL4/?utm_source=ig_embed Изгледа дека првата дама некое време се откажала од таканречените „сонце во косата“ прамени и се одлучила за нешто потемна нијанса... Како ви се допаѓа новата боја на коса?