,

(ФОТО) Миди сукња весник на пролетта-еве како да го носите ова модно парче

Со лежерен горен дел и рамни обвуки миди сукњата е практична за дневен ритам , а со штикли станува шик и за вечерни излегувања. Ја сакаа и великаните на модата Christian Dior и Coco Chanel . Овие миди сукњи во комбинација со зимски парчиња доминираат и се прифаќаат како први весници на пролетта во време кога студеното време уште е меѓу нас. Тие името го добиле од зборот middle = средина, а означува сукња која е нешто помеѓу долга сукња и пократките над колена. Прв пат почнаа да се носат во 20-тите години на минатиот век, кога жените ги отфрлиле стегнатите долги фустани со кои не смееле да се покажуваат глуждовите. Оваа пролет овие парчиња ќе се носат на секој чекор а вие најдете инспирација во фотографиите.