,

(ФОТО) Најзгодниот премиер со фотосесија од Таџ Махал ги поздрави обожавателите

Канадскиот премиер Џастин Трудо допатува вчера во повеќедневна посета на Индија наменета на јакнење на билатералните односи и трговска размена, а првиот ден по посетата го посети Таџ Махал, главната атракција. Трудо заедно со сопругата и трите деца го посетил споменикот кој се смета за врвно остварување на могулската архитектура и незаобиколива дестинација на странските државјани во посета на Индија. Згодниот премиер не пропушти прилика и сам неколку пати да испозира пред познатата градба, а корисниците на социјалните мрежи полудеа по неговите фотографии.