(ФОТО) Најубав новогодишен подарок: Се породи Џесика Алба

Американската актерка Џесика Алба го роди третото дете, момче на кое му го даде името Хајс. Среќната вест Алба со обожавателите ја сподели на својот Инстаграм профил, а слика од тукушто роденото бебе предизвика воодушевување. https://www.instagram.com/p/Bdav333hYTz/ И додека цел свет славеше и лудуваше во новогодишната ноќ, актерката го раѓала своето трето дете. https://www.instagram.com/p/BdKPk6xB3Js/ „Хајс Алба Ворен“, 31.12.2018. Најубав подарок да ја заокружам годината. Кеш и јас сме многу среќни, а Хевен и Онор веќе се опседнати со својот брат“. Нејзиниот маж Кеш Ворен исто така на својот Инстаграм ја објави веста и откри дека бебето стигнало неколку дена порано.