,

(ФОТО) НИКОГАШ НЕ ИЗЛЕГУВА ОД МОДА: Облека која вреди да ја купите на попуст!

Можеби ви изгледа дека сезонските попусти се далеку, но и не се. Цените почнуваат да паѓаат токму на средината на декември. Затоа подгответе се на време и уште сега „снимете“ ги клучните парчиња. Колку пати ти се случило после сезонски шопинг да дојдеш дома со куп кеси, а во ниедна ништо корисно? Ова беше намалено од  999 на само 199 (иако не е мој стил/број/не ми стои добро) , ова е вистинска кожа (иако е во розева боја), овој фустан со леопард принт и со светки можеби ќе ми затреба некогаш ... Не, нема. Верувајте дека нема! Кога цените почнат да паѓаат, лесно се навлекуваме и почнуваме да купуваме стилски, облека која не ни одговара и не треба само затоа што е поевтина. Па таа подоцна стои уште во плакар со цена на себе. Попустите не се исплаќаат ако купуваме глупости. Но некои работи секогаш се исплати да ги купиме на намаление, бидејќи секогаш ќе ни требаат. Направете си план однапред и тргнете уште првиот ден на распродажбата. 1.Класичен капут 2.Пенсил здолниште 3.Џемпери 4.Црн фустан