,

ФОТО: Новата кампања на Victoria Secret ја загрева атмосферата

Навикнавме од брендот Victoria Secret да пристигнува атрактивна кампања. Славниот бренд ги надминува нашите очекувања и ни ја претставува кампањата, која ќе го загрее барем машкиот дел од популацијата. Главни ѕвезди на Obsessed кампањата се ветераните Адријана Лима и Алесандра Амброзио кои се појавуваат во секси модели на долна облека изработена од сатен и чипка. Самиот поглед на фотографиите и згодните манекенки одзема здив. Без разлика за која боја станува збор – шампања, бордо или мистично црна, Ангелите на Викторија изгледаат фантастично.