,

(ФОТО) Пет бои кои најмногу ќе ги носиме во 2018-та

Во 2018-та се ќе се врти околу силните бои како жолта и боја на лаванда. Пред да тргнете да паничите, нагласуваме дека неутралните нијанси се и тоа како ИН се уште, па затоа нема зошто да се плашите од боите. Избравме пет бои кои (според дизајнерите и уличните стилски ѕвезди) во 2018-та ќе бидат најголе хит. Ако и не сакате да вложите во жолт капут, секогаш можете да изберете една портокалова ташна за разбвање на монотониот изглед. Портокалова Оваа е една од неочекуваните бои кои ќе се вратат во пролетта 2018. Колку повеќе упадлива толку подобро, а се носи на јакни, торби, фустани. Дефинитивно не интригира па многу веројатно ќе вложиме во некое портокалово парче во годината која е пред нас. Жолта https://www.instagram.com/p/BcuCJOUHsym/ Уште една силна нијанса која не сме навиканти да ја носиме и ретко се наоѓа во женските плакари, но она што ја прави посебна е фактот дека лежи на речиси сите тонови кожа. Кожата ја прави сјајна и вибријантна, а тенот освежителен. Со тоа, многу убаво изгледа кога се комбинира со неутрални нијанси и неизбежна црна и бела, а како и кај портокаловата-предлагаме да размислите за еден жолт моден додаток. Боја на лаванда Дури и Пантоне ја прогласи за боја на 2018-та и после тоа не мораме ништо повеќе да кажеме зарем не? Неутрални https://www.instagram.com/p/BbkUJhjg8ul/ Неутралните нијанси се носливи од сезона во сезона и продолжуваат да бидат еден од омилените избори на сите модерни дами. За пролетта 2018-та дизајнерите ни подготвуваат многу смеѓи, беж и кремасти парчиња. Розева https://www.instagram.com/p/Bc4eP8Xnm9i/ Пинк, пинк, пинк! Иако роза бојата беше хит боја и ви 2017-та со голема радост најавуваме дека ќе се носи и оваа година.