(ФОТО) ПРВА ДАМА И МОДНА ИКОНА: Taa ги засени Брижит Макрон и Меланија Трамп

Првата дама на Аргентина, Хулијана Авада при последното појавување во јавноста уште еднаш докажа дека е вистинска „модна закана" на Меланија Трамп и Брижит Макрон, кои досега важат за првите дами со најмногу стил. Аргентинската прва дама допатува во Франција на службена посета. Домаќин на состанокот била Брижит Макрон, сопругата на Емануел Макрон. Брижит Макрон носеше син комплет, а ова формално издание го комплетираше со црни лаковани чевли. Сепак Хулијана се појави во црн фустан со цветен принт, класичен црн капут и Баленсиага црвени чизми. За време на посетата во Белата Куќа во април лани, Хулијана се појави со црвен фустан со атрактивни салонки, додека Меланија Трамп носеше маслинесто зелен комплет.