,

(ФОТО) Префинето издание на Џенифер Лопез: Вака се носи совршен бел капут со крзно

Добар капут и smokey eyes се сѐ што ви треба за да се разликувате од другите... Тоа пред два дена ни го покажа Џеј Ло кога со својата посилна половина посети еден ресторан во Лос Анџелес во монохроматски изглед. Иако навикнавме да ја гледаме во провокативни и предизвикувачки изданија, овој пат успешната 48-годишна ѕвезда пријатно не изненади со својот избор на комбинација кој е елегантен за зимски денови. На ваков моден и стилски пресврт едвај чекавме, бидејќи сме сигурни дека убавата пејачка и актерка знае како се носат овие парчиња. https://www.instagram.com/p/BeRL-WrlFGU/?taken-by=jlovibes Долгиот, бел капут од кашмир е сечен во половината благодарение на каишот на врзување и оплеменет со вештачко крзно кое го краси работ на предниот дел од капутот, како и капата. Играта со материјали и текстура на парчето ја разбива еднобојноста на белата боја. Ова белкасто издание пејачката го спои со сандали на високи петици како и Биркинк во бела боја. Својот силен изглед, го зачини со интересна шминка, определувајќи се за техниката  smokey eye, не само што користела црни и сиви тонови, туку и моливче во боја на вино и бронза. Интересниот make-up избор и интензивна палета и внесе топлина во комбинацијата.