,

(ФОТО) Принцот Хари и елегантната Меган во посета на Единбург: Идната војвотка воодушеви со модниот избор!

Принцот Хари и неговата свршеничка Меган Маркл започнаа официјална посета на Шкотска, во текот на која вчера престојуваа во Единбург. По тој повод стотици почитувачи на кралското семејство се собраа кај замокот Единбург да ги поздрават идните младенци, и покрај студеното време Како и секогаш, каде било и со кој било повод да се појават, припадниците на понежниот пол едвај чекаа да го видат модниот избор на убавата Американка. Сакајќи да ја испочитува шкотската традиција, Меган носеше долг Barberi капут со кариран дезен, карактеристичен за овој дел од кралството. Под него до земја наѕираа долгите ногавици на панталони со широк крој, кои ги искомбинирала со високи тенки штикли. Од акцесоари имала мала зелена чанта од шкотскот бренд Stratberi. Насмеаната Меган се дружела со насобраните и ракувала со поедини среќници кои и подаруваа цвеќе и мафтаа со британски знамиња со нејзниот и ликот на принцот Хари. Меѓутоа, една средба се издвои од сите останати, а во прашање е понито Круахан. Интересно е дека и понито, согласно традиција, било „облечено“ во речиси идентичен кариран „капут“ како и идната војвотка па токму тоа ја воодушевило актерката Меган Маркл. https://youtu.be/BEzyGH1kH28