(ФОТО РЕЦЕПТ) Вкусни крофни-куглици кои ќе сакате веднаш да ги направите

Понекогаш за добро расположение едноставно ни е потребно нешто слатко! На пример крофни? Или можеби некој колач? Но тогаш се сетиме дека немаме многу време, како и дека не ни се трошат мноогу пари на намирници ... Можеби тоа чувство за слатко ќе помине или пак  не? Ако низ глава ви поминуваат вакви прашања од време на време, тогаш овој рецепт е токму за вас.   Ви требаат само неколку минути подготовки, додека нивниот вкус е воодушевувачки. Со нив може да додадете различни преливи, а ние избравме универзална чоколада. Состојки: - 250 гр брашно - Едно јајце - 200ml јогурт - 3 лажички шеќер - 2 лажички ракија - 1 лажичка рум - Две мали лажички прашок за пециво - 1л од сончогледово масло (или друго растително масло за пржење) - малку сол Подготовка: -Измешајте го брашното и пецивото во еден сад. -Во друг измешајте ги јајцата, шеќерот и солта, па после тоа румот и ракијата и на крај јогуртот. Кога сите состојки се соединат, додајте им ја смесата од првата чинија. Во смесата можете да додадете зачини како цимет, но и додатоци како чоколадни мрвки или суво грозје. -Во подлабок сад (или уште подобро фритеза) ставете масло така што кога ќе ги ставате топчињата да не го допираат дното на садот. Загрејте го на средна температура-никако на превисока бидејќи нема да испаднат убаво. -Со мала лажичка земајте од смесата така да формирате куглици, а потоа ставајте ги во загреаното масло. Пржете ги додека не поруменеат од двете страни. За сервирање се подготвени веднаш по пржењето.