(ФОТО) Срце од волна со порака

Влегуваме во месец на љубов и тоа носи нова инспирација. Кога би сакале да подарите срце некому, а тоа да биде произлезено од вас, може да го направите тоа само во неколку потези. Земете црвена волница, конец, еластична врвка и жица. Ќе имате потреба од ножички и клешти.   Започнете со правење на срцето, тоа е истиот процес како за правење пом – пом топче. Намотајте волница околу некој рамен предмет, а потоа извадете го нaмотаниот сноп и врзете го на средината. На крајот исечете ги краевите со што ќе добиете едно бушаво топче. Потоа почнете со формирање, со ножиците сечете од околу во форма на срце. Можете да го оставите само така празно, но ако сакате можете да направите порака со помош на жица. Смислете што би сакале да биде пораката и почнете да ја виткате жицата со помош на клештички. Кога ќе завршите и со тоа исечете парче еластичен конец врзете го на крајот и сошијте го на срцето. Потоа сошијте ја и пораката врз срцето. Подарете го некому со многу љубов.   За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер