,

(ФОТО) ТИЕ ПОТФРЛИЈА МОДНО НА ГРЕМИ: Критики поради катастрофалните облечени комбинации добија овие личности

На доделувањето на Греми наградите многу славни ѕвезди ви покажавме кои ги прошетаа своите раскошни тоалети и заблескаа во полн сјај. Но, имаше и такви од оние кои целосно потфрлија кога е во прашање стајлингот. Имено, познатиот американски блогер Патрик Стар, поранешната плејбој зајачица Џени Мекарти, Ава Макс и раперот Голд Линк се најдоа на мета на критики бидејќи на црвениот тепих прошетаа катастрофални комбинации. Патрик кој инаку е познат по тоа што секогаш предизвикува големо внимание поради своите раскошни фустани и упадливи шминки, овој пат го покажа целулитот и масните наслаги на нозете додека ја носеше својата дреч розе тоалета. Џени се одлучила за провиден фустан па модните критичари имаа полни раце работа. Раперот Голд се најде на мета на критики поради необичниот „џокејски фазон“ и беспотребни ланци. Ава Макс пак облече цветен костум и со тоа се истакна, но како наведуваат американските медиуми, воглавно негативно.